Средба на претседателот на Собранието, г. Талат Џафери со д...

Среда, 8 ноември 2017

Средба на претседателот на Собранието, г. Талат Џафери со директорот на Одделот за парламентарни и владини програми на Националниот демократски институт, г. Скот Хубли

Денеска, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери оствари средба со директорот на Одделот за парламентарни и владини програми на Националниот демократски институт (НДИ), г. Скот Хубли. На средбата присуствуваа и амбасадорката на Швајцарија во Македонија, г-ѓа Сутер Тејада; директорот на НДИ во Македонија, г. Крис Хеншо; заменик-директорот на НДИ во Македонија, г. Скот Хејзлет и националниот програмски офицер во Швајцарската амбасада, Лилиан Кандикјан.

Прочитај повеќе

Воспоставување регионална мрежа на Комисиите за европски пр...

Вторник, 7 ноември 2017 година

Воспоставување регионална мрежа на Комисиите за европски прашања

Денеска и утре се одржува работилница која ја организира Организацијата за меѓународна соработка (ГИЗ) од Германија, чиј домаќин е Собранието на Република Македонија. На семинарот учествуваат претставници на Комисиите за европски прашања од Хрватска, Македонија, Црна Гора, Србија, Босна, Косово и Албанија.

Прочитај повеќе

Кузмановска: Парламентите треба да ја имаат функцијата конт...

Понеделник, 6 ноември 2017 година, Белград

Кузмановска: Парламентите треба да ја имаат функцијата контролор на трошењето на јавните средства од страна на извршната власт

Во организација на Глобалната организација на пратениците против корупцијата (GOPAC), Делегација на Собранието на Република Македонија во состав: г-ѓа Лилјана Кузмановска, претседател на Комисијата за финансирање и буџет, г. Васко Ковачевски и г-ѓа Владанка Авировиќ, членови на Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија учествува на регионален парламентарен состанок на тема: "Иновативни средства за надзор и неформални платформи на пратениците за зголемен надзор и транспарентност: презентација на портал за надзор над јавните финансии".
Прочитај повеќе

Втора седница на Комисијата за деловнички и мандатно-имунит...

Четврток, 2 ноември 2017 година

Втора седница на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања

Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на Собранието на Република Македонија, на вчерашната Втора седница, ги разгледа Извештаите на Државната изборна комисија за преземените работи согласно членот 153 од Изборниот законик, за прифаќање на остатокот на мандатот за пратеник во Собранието на Република Македонија.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со градоначалникот на Прешев...

Четврток, 2 ноември 2017 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ПРЕШЕВО, Г. ШЌИПРИМ АРИФИ

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска реализираше кратка протоколарна средба со градоначалникот на Прешево, г. Шќиприм Арифи.

На почеток на средбата, градоначалникот на Прешево, г. Шќиприм Арифи ја искористи приликата да му честита на г. Талат Џафери за изборот на функцијата претседател на Собранието на Република Македонија, и изрази уверување дека претседателот на Собранието Џафери ќе ја исполни оваа обврска одговорно и со дигнитет.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со Н.Е. Дан Ориан...

Среда, 1 ноември 2017 година

Средба на претседателот Џафери со Н.Е. Дан Ориан, амбасадор на Државата Израел во Република Македонија 

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска оствари средба со г. Дан Ориан, амбасадор на Државата Израел во Република Македонија, кој заедно со група од 90 стопанственици од Израел учествува на Конференцијата „Македонија 2025“, каде свое посебно излагање ќе има најдобрата жена иноватор од Израел, Дана Габиш.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на отворањето на Научната ...

Понеделник, 27 октомври 2017 година

Обраќање на претседателот Џафери на отворањето на Научната конференција за аерозагадување

„Мисли глобално, делувај локално“ е мотото во делувањето на повеќето зелени невладини организации и зелените политички партии. Сметам дека овој начин на размислување, ако сакате и филозофија на живеење, треба да е основата на еколошката свест, а со тоа и на грижата за животната средина на секој човек на планетата Земја. Лично, ценам дека како што мирот е неделива категорија, така и заштитата на човековата средина, односно грижата за нашата планета е неделива категорија.
Прочитај повеќе

Средби на претседателот Џафери со г. Иван Брајовиќ, г-ѓа М...

Петок, 27 октомври 2017, Будимпешта

Средби на претседателот  Џафери со г. Иван Брајовиќ, г-ѓа Маја Гојковиќ и г. Кадри Весели, претседатели на Парламентите на Црна Гора, Србија и Косово

Во рамките на учеството на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, на Конференцијата на претседатели на парламенти на земјите од Западен Балкан, што се одржува во Будимпешта, денеска г. Џафери оствари билатерална средба со г. Иван Брајовиќ, претседател на Парламентот на Црна Гора.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со г. Грамоз Ручи, претседат...

Петок, 27 октомври 2017 година, Будимпешта

Средба на претседателот Џафери со г. Грамоз Ручи, претседател на Парламентот на Република Албанија

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, во рамките на Конференцијата на претседатели на парламенти на земјите од Западен Балкан, што се одржува во Будимпешта, се сретна со г. Грамоз Ручи, претседателот на Парламентот на Република Албанија.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со г. Ласло Ковер, претседат...

Петок, 27 октомври 2017, Будимпешта

Средба на претседателот Џафери со г. Ласло Ковер, претседател на Парламентот на Унгарија

Денеска, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, оствари средба со г. Ласло Ковер, претседателот на Парламентот на Унгарија, кој што воедно е и домаќин на Осмата конференција на претседатели на парламенти на земјите од Западен Балкан.

Прочитај повеќе
1...102103104...117                                                                                                                      
Click