Делегации

Среда, 7 март 2012 година

ИЗЛЕЗЕ ДЕВЕТНАЕСЕТТОТО ИЗДАНИЕ НА БИЛТЕНОТ НА МЕШОВИТИОТ ПАРЛАМЕНТАРЕН КОМИТЕТ РМ-ЕУ

Денеска излезе новото, 19. издание на Билтенот на Мешовитиот парламентарен комитет РМ-ЕУ. Во актуелниот број, претставена е посетата на тројцата eвропарламентарци од Групата „Пријатели на Македонија”, г. Ричард Хауит, г. Едуард Кукан и г. Алојз Петерле и средбата со претседателот Трајко Вељаноски и со пратениците од Комисијата за надворешна политика, Комисијата за европски прашања, Мешовитиот парламентарен комитет – РМ и ЕУ и Националниот совет за евроинтеграции во Собранието на Република Македонија.

Исто така, во Билтенот е претставена посетата на Делегацијата од Собранието на Литванија и средбите со македонските колеги во Собранието на Република Македонија, заедничката седница на Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања за ревизијата на Националната програма за усогласување на правото на Европската унија и јавната расправа на Комисијата за труд и социјална политика на Собранието на Република Македонија, на 11. седница, на 2 февруари 2012 година, на тема: „Правната регулатива за деца во судир со законот, деца жртви и деца сведоци на кривични дела".

Последниот број на Билтенот, како и неговите минати изданија, можете да ги прочитате на следнава адреса:
http://www.sobranie.mk/?ItemID=CE34543E8A02C145AEDBFA3FCA5837CE

a за повеќе информации за активностите на МПК, одете на следниов линк:
http://www.sobranie.mk/?ItemID=B052DC5680964D41A79CCA558F2A68E4

Click