Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание  на Советот на Европа (ПС СЕ)

Делегацијата во Парламентарното собрание  на Советот на Европа се состои од шеф  на Делегацијата, двајца члена  и тројца заменици  членови на Делегацијата.

Акредитивите на членовите и замениците членови на Делегацијата во Парламентарното собрание  на Советот на Европа ги издава претседателот на Собранието на Република Македонија, најдоцна седум дена пред отпочнувањето на редовното годишно заседание на Парламентарното собрание  на Советот на Европа.

Мандатот содржан во акредитивот од став 2 на овој член неможе да се отповика, освен во случаите наведени во актите на Парламентарното собрание  на Советот на Европа.


Шеф на делегацијата: АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ

           Членови: ИГОР ИВАНОВСКИ
                             ЕРМИРА МЕХМЕТИ

        Заменици - членови: АЛЕКСАНДАР СПАСЕНОВСКИ
                                   СОЊА МИРАКОВСКА
                   ИМЕР АЛИУ

Советот на Европа е меѓувладина организација формирана на 5 мај 1949 година од 10 земји, а денес има 47 земји членки. Основните цели на Советот на Европа се:

  • заштита на човековите права, плуралистичка демократија и владеење на правото;
  • унапредување на свеста и охрабрување на развојот на европскиот културен идентитет и разновидност;
  • барање на решенијата за проблемите со кои се соочува европското општество(ксенофобија, нетолеранција, заштита на човековата околина, клонирањето, сидата, дрогите и наркоманијата, организираниот крими-нал и сл.) и
  • помагање на консолидацијата на демократската стабилност во Европа преку политички, законодавни и уставни промени.

Парламентарното собрание на Севетот на Европа е парламентарен форум на Советот на Европа, каде се расправаат проблемите со кои се соочува европското општество и има советодавна функција во однос на Комитетот на министрите. Тоа е најстарото парламентарно собрание креирано на европската почва. Неговата активност е фокусирана на прашања од тековната политичка важност, вклучувајќи ги и проблемите на модерното општество и аспекти на меѓународната политика.

Со цел да доминираат европски а не национални интереси Собранието има пет политички групи: Група на европски народни партии, Социјалистичка група, Европска демократска група, Алијанса на либерали и демократи и Групата на обединетата европска левица. 

Вообичаено членовите се групираат во овие партиски групи според нивната партиска припадност во своите земји, но некои членови избираат да не бидат членови на ниедна политичка група. Собранието заседава четири пати годишно (јануари, април, јуни и септември), на јавни седници кои траат една работна седмица, а вообичено одржува и една мини пролетна седница во некоја од земјите-членки.   

Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ПС ОБСЕ)

Делегацијата во Парламентарното собрание  на Организацијата на безбедност и соработка во Европа се состои од шеф на Делегацијата,  двајца членови и тројца заменици членови.

Шеф на делегацијата: АНА ПАВЛОВСКА-ДАНЕВА

                Членови: ВЛАДИМИР ЃОРЧЕВ
                            БЕКИМ ФАЗЛИУ

    Заменици - членови: ДИМИТАР СТЕВАНАНЏИЈА
                              САФЕТ БИШЕВАЦ
                         ЏЕВАД АДЕМИ

Парламенарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ПС на ОБСЕ) е формирано во 1991 година, по предлогот за негово формирање со Париската повелба за Нова Европа од 1990 година. Основна задача на Парламентарното Собрание е да го олеснува меѓупарламентарниот дијалог меѓу земјите членки на ОБСЕ и да ја вреднува имплементацијата на целите на ОБСЕ.

Во рамките на Парламентарното собрание функционираат три Генерални комитети: Комитетот за демократија, човекови права, хуманитарни прашања; Комитетот за економски работи, технологија и животна средина, како и Комитетот за политички работи и безбедност. Членовите на Делагацијата на Собранието на Република Македонија во ПС на ОБСЕ редовно учестуваат во работата на сесиите на Парламентарното собрание, на Постојаниот комитет, како и на другите состаноци организирани од ПС на ОБСЕ.                                                            

Делегација на Собранието на Република Македонија во Интерпарламентарната унија (ИПУ)

Делегацијата во Интерпарламентарната унија се состои од претседателот на Собранието, кој е шеф на Делегацијата и шест члена. Делегацијата се состои пратеници од различен пол.

Интерпарламентарната унија (ИПУ), основана во 1889 година е најстарата мултилатерална политичка организација во која членуваат 154 национални парламенти и осум меѓународни парламентарни собранија. Светската организација на парламентите со седиште во Женева има статус на постојан набљудувач во Организацијата на Обединетите нации.
Како централна точка за светски парламентарен дијалог, Интерпарламентарната унија работи за мир и соработка меѓу народите и за цврсто воспоставување на претставничките институции.

За таа цел, ИПУ поттикнува контакти, координација и размена на мислења меѓу парламентите и членовите на парламентите на сите земји, разгледува прашања од меѓународен интерес и ги изразува своите ставови за тие прашања, со цел да ја поттикне активноста од страна на парламентите и нивните членови, придонесува за заштита и унапредување на човековите права, чиешто почитување е суштествен фактор на парламентарната демократија и обезбедува подобро запознавање со работата на претставничките институции и јакнењето и развојот на нивните средства за акција.

Интерпарламентарната унија прет-ставува директен извор на информации за најзначајните настани и тенденции што се одвиваат на глобален меѓународен план, а особено клучните активности на Организацијата на Обединетите нации и нејзините специјализирани агенции. Таа соработува и со регионални интерпарламентарни организации, како и со меѓу-народни владини и невладини организации кои се мотивирани од истите идеали. Во оваа насока, ИПУ настојува да се обезбеди што поактивно учество на членовите на парламентите во меѓународната политика. ИПУ презема и активности за ратификација на најзначајните меѓународно-правни инструменти.

Собранието на Република Македонија е член на Интерпарламентарната унија од 1994 година. Со Одлуката за основање делегации, пратенички групи и други облици на остварување на меѓународната соработка на Собранието на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” број 85/2002) се основа Делегација на Собранието на Република Македонија во ИПУ, која се состои од претседателот на Собранието на Република Македонија и пет членови. 

                                                             
                                                                  Шеф на делегацијата: ТРАЈКО ВЕЉАНОСКИ

                Членови: СИЛВАНА БОНЕВА
                                НЕЏАТИ ЈАКУПИ
                                  ЈАНИ МАКРАДУЛИ
                       ИМЕР АЛИУ
                                   ГОРАН МИСОВСКИ
                                   РЕЈХАН ДУРМИШИ

Делегација на Собрание на Република Македонија во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива (ПД ЦЕИ)

Делегацијата во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива се состои од шеф, двајца членови и тројца заменици-членови.

Шеф на делегацијата: ВЕСНА БЕНДЕВСКА

                             Членови: МИХАИЛО ЏОЛОНГА
                                            ХАЈРУЛА МИСИНИ

       Заменици - членови: ВАСКО ПАШОВСКИ
                                                    ЛИЛЈАНА ЗАТУРОСКА
                                           ГАЗМЕНД АЛИЈИ

Централноевропската иницијатива е регионална организација во која членуваат 17 земји членки: Англија, Австрија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешката Република, Унгарија, Италија, Македонија, Молдавија, Полска, Романија, Словачка, Словенија, Украина и Србија и Црна Гора. Иницијативата е основана во 1989 година, под името Квадрагонала, од страна на четири земји: Италија, Унгарија, Австрија и СФР Југославија. Во 1990 година кон иницијативата се приклучува Чехословачка, со што таа станува Пентагонала.

Следи Полска во 1991 година и групата прераснува во Хексагонала, а во 1992 година членки стануваат Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија, по што иницијативата го менува името во Централноевропска иницијатива. Република Македонија е член на ЦЕИ од 1993 година. Централноевропската иницијатива се стреми кон: зацврстување на соработката меѓу земјите членки, забрзување на процесот на европската интеграција преку поддршка на најнеразвиените членки и оние на кои им е најпотребен забрзан економски развој, зацврстување на економските, социјалните, правните и другите аспекти на процесите на транзиција и сл.

Парламентарната димензија на ЦЕИ ја сочинуваат Парламентарното собрание, Парламентарниот комитет и ад хок комитетите на Парламентарното собрание. Двајца членови на парламентот од секоја земја членка учествуваат во работата на Парламентарниот комитет, кој се одржува напролет, а на Парламентарното собрание, кое се состанува во текот на есента, учествуваат делегации составени од три до седум члена. Делегацијата на Собранието на Република Македонија се состои од три члена.                                                  

Делегација на Собранието на Република Македонија во парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација (Мешовит парламентарен комитет ЕУ - Република Македонија)

Е-пошта: jpc@sobranie.mk

Цели и задачи
Деловник


Претходни состаноци (1995-2004)
Прв состанок (30 и 31 март 2005 година, Скопје, Република Македонија)
Втор состанок (5 и 6 декември 2005 година, Брисел, Кралството Белгија)
Трет состанок (29 и 30 јануари 2007 година, Скопје, Република Македонија)
Четврт состанок (26 и 27 ноември 2007 година, Брисел, Кралството Белгија)
Петти состанок (27 и 28 ноември 2008 година, Скопје, Република Македонија)
Шести состанок (31 март 2009 година, Брисел, Кралството Белгија)
Седми состанок (18-19 февруари 2010 година, Скопје, Република Македонија)
Осми состанок (29 и 30 ноември 2010 година, Брисел, Кралство Белгија)
Деветти состанок (3-4 ноември 2011 година, Скопје, Република Македонија)
Десетти состанок (7 јуни 2012 година, Брисел, Кралство Белгија)
Единаесетти состанок (22-23 мај 2013 година, Стразбур, Француска Република)

Новости

Останати активности

                                     


Мешовитиот парламентарен комитет-Република Македонија и Европската Унија (ЕУ) е формиран врз основа на Резолуцијата на Европскиот парламент од 10 март 2004 година, како и одлуката на Собранието на Република Македонија од 7 декември 2004 година за основање Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација и врз основа на Договорот за стабилизација и асоцијација на Република Македонија (особено членот 114). Формирањето на Мешовитиот парламентарен комитет (МПК) е одраз на цврстата определба на нашата земја за полноправно членство во ЕУ, како и на заложбите на Собранието на Република Македонија, преку парламентарен дијалог, да придонесе кон процесот на евроинтеграција и достигнување на европските стандарди. Во основа, МПК претставува форум каде што членовите на Собранието на Република Македонија и Европскиот парламент ќе разменуваат искуства, мислења и ставови за зајакнување на меѓусебното партнерство. Комитетот, како билатерално тело со кое Република Македонија се одвојува од другите земји на т.н. Западен балкан, претставува формално и ефикасно зајакнување и издигнување на повисоко ниво на односите и соработката на Собранието на Република Македонија и Европскиот парламент. Основна цел на МПК е разгледување на сите аспекти на односите меѓу Република Македонија и ЕУ, особено имплементацијата на Договорот за стабилизација и асоцијација. По предлог на Бирото на Мешовитиот парламентарен комитет можат да се даваат препораки до Европскиот парламент, до Собранието и Владата на Република Македонија, до Советот на Европската унија и до Европската комисија. МПК се сотанува два пати годишно - еднаш во Собранието на Република Македонија и еднаш во Европскиот парламент. Седниците на Мешовитиот парламентарен комитет завршуваат со усвојување на Завршна изјава која, пак, всушност е документ во кој се содржани заедничките ставови за одредени актуелни прашања.


        Претседател:
КЕНАН ХАСИПИ

Потпретседатели:    АНДРЕЈ ПЕТРОВ
                                    ЕРМИРА МЕХМЕТИ

              Членови:  СИЛВАНА БОНЕВА 
                                     ВЛАДИМИР ЃОРЧЕВ
                                     АНТОНИО МИЛОШОСКИ
                                     ИЛИЈА КИТАНОСКИ
                                     АЛЕКСАНДАР СПАСЕНОВСКИ
                                     ИВАН СТОИЛКОВИЌ
                                     ХАЈРУЛА МИСИНИ
                                     БЕКИМ ФАЗЛИУ
                                     ОЛИВЕР СПАСОВСКИ
                                     МАРИНЕЛА МАРИЧИЌ-ТУШЕВА 
                                     ТАЊА ТОМИЌ
                                     СТАНКА АНАСТАСОВА

Заменици членови:  АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ
                                      БОРИСЛАВ СТОЈМЕНОВ
                                      ЛИЛЈАНА ПОПОВСКА
                                      ВЛАДАНКА АВИРОВИЌ
                                      ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ
                                      МАЛИША СТАНКОВИЌ
                                      ДЕШИРА ИМЕРИ
                                      ОРХАН ИБРАИМИ
                                      СОЊА МИРАКОВСКА
                                      БИЛЈАНА КАЗАНЏИСКА
                                      ПАНЧЕ ОРЦЕВ
                                      САМКА ИБРАИМОСКИ

Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација, со статус на придружна делегација (ПС НАТО)

Делегацијата во Парламентарното собрание  на Северноатлантската договорна организација се состои од шеф, двајца членови  и тројца заменици  членови.
                             
                                                                          
                                                                         Шеф на делегацијата: ЕРМИРА МЕХМЕТИ

                                                   Членови: НАТАША САВОВА-САЛКОВСКА
                                                ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ

         Заменици - членови: ИЛИЈА КИТАНОСКИ
                                                 ГОРАН СУГАРЕСКИ
                                             ОРХАН ИБРАИМИ

Парламентарното собрание на НАТО е меѓупарламентарна организација на пратеници од земјите членки на Алијансата на  НАТО  и 17 нејзини асоцијативни членки. Собранието претставува критички форум за меѓународен дијалог на пратеници од Европа и од Северна Америка кои заедно дискутираат за теми од заеднички интерес и важност. Собранието е целосно независно од НАТО но е врска меѓу националните парламенти на земјите членки и НАТО и придонесува за јакнење на заедничкото разбирање  во Алијансата. Всушност, Собранието контируирано проверува дали донесените одлуки на меѓудржавно ниво во рамките на НАТО, имаат  политичката поддршка од демократски избраните парламенти на земјите членки.

Основна задача на Собранието е да ги надмине националните интереси и да се обиде преку дискусии и семинари за безбедносни прашања да постигне консензус меѓу земјите. Затоа, основен елемент во работата на Собранието е да разменува информации и да влијае врз националните ставови и интереси. Исто така Собранието е форум каде што одредени актуелни прашање на НАТО се тестираат и преоценуваат. Во ова смисла, Собранието индиректно игра значајна улога во формирањето на политичките мислења. Препораките и резолуциите на Собранието се доставуваат до националните влади и парламенти, како и до генералниот секретар на НАТО и другите релевантни организации. Врз основа на дебатата во Постојаниот совет на НАТО, Генералниот секретар на НАТО подготвува одговори на препораките и резолуциите на Собранието.

Целите на ПС на НАТО накратко може да се формулираат како:

  • Да се охрабри дијалогот меѓу парламентарците за важните безбедностни прашања;
  • Да се привлече парламентарното внимание за централните безбедносни прашања, за политиката на Алијансата  и поголемо разбирање за неа;
  • Да се пренесат колективните парламентарни ставови изградени во ПС на НАТО во НАТО и во неговите земји членки;
  • Да се развие подобро разбирање за политиката на НАТО и да се промовира повисоко ниво на колективна одговорност;
  • Да се зајакнат трансатлантските односи;
  • Да се промовира развој на парламентарна демократија низ евроатлантскиот регион со интегрирање на парламентарците од земји кои не се членки во работата на ПС на НАТО;
  • Да им се помогне на парламентите кои активно бараат членство во НАТО;
  • Да се зголеми соработката со земјите кои се повеќе заинтересирани за соработка отколку за членство во НАТО;
  • Да се помогне развојот на парламентараните механизми и практики кои се неоходни за ефикасна, демократска контрола на воените сили;

ПС на НАТО заседава двапати во годината на пленарни заседанија - на пролетното  заседание кое трае три дена  и есенско заседание кое трае пет дена. Овие состаноци се организираат  во земјите членки на НАТО на покана на националните парламенти.

Главен орган на Собранието е Постојаниот комитет кои се состои од лидерите на Собранието и шефовите на националните делегации. Секојдневните активности на Собранието се спроведуваат преку петте комисии и тоа: Политичката комисија, Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за економија и безбедност, Комисијата за наука и технологија и Комисијата за цивилна димензија на одбраната, заедно со голем број на поткомитети. На барање на пратениците се формираат ад-хоц комисии и работни групи. Комисиите одржуваат регуларни состаноци и организираат студиски посети. Потоа на пленарните состаноци на Собранието секоја комисија поднесува писмени извештаи за темите кои ги проучувала и истите усно ги образложува.

Делегација на Собранието на Република Македонија учествуваше за прв пат во работата на ПС на НАТО во 1994 година, како набљудувач на 41-то заседание, што се одржа во Париз, Франција. На истото заседание на Собранието на Република Македонија и  беше доделен статус на асоцијативна делегација.                                          

Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Медитеранот (ПС на Медитеранот)

Делегацијата во Парламентарното собрание  на Медитеранот се состои од шеф, двајца членови  и тројца заменици  членови на Делегацијата.

Шеф на делегацијата: ИЛИЈА ДИМОВСКИ

                                           Членови: ХАРАЛАМПИЕ ШОКАРОВСКИ
                                                     ЕМИЛИЈАН СТАНКОВИЌ

Заменици - членови: НЕЏАТИ ЈАКУПИ
                                                БЕХИЏУДИН ШЕХАБИ
                                       БЕКИМ ФАЗЛИУ

Парламентарното собрание на Медитеранот е релативно нова меѓународна мултилатерална организација и претставува продолжување на парламентарна димензија на долгодишната Конференција за соработка во Медитеранот (ЦСЦМ), процес кој функционираше во рамките на Интерпарламентарната унија (ИПУ), а како самостојна меѓународна мултилатерална организација започна да функционира од септември 2006 година. Инаугуративната сесија на Парламентарното собрание на Медитеранот се одржа на 10 и 11 септември 2006 година во Аман, Хашемитско Кралство Јордан, кога  со консензус беше усвоен Статутот на оваа организација.

Земји-членки на Парламентарното собрание на Медитеранот се парламентите на земјите од медитеранскиот брег: Албанија, Алжир, Босна и Херцеговина, Хрватска, Кипар, Египет, Франција, Грција, Израел, Италија, Либан, Либиска Арапска Џамахирија, Малта, Монако, Мароко, Србија, Црна Гора, Словенија, Шпанија, Сириска Арапска Република, Тунис, Турција и Палестина. Исто така, членки на ПС на Медитеранот се парламентите на Република Македонија, Јордан и Португалија, држави кои не излегуваат на Медитеранот, но кои економски, политички и стратешки директно се поврзани со него.

Парламентарното Собрание на Медитеранот заседава на пленарна седница, еднаш годишно. Неколку месеци пред  одржувањето на годишното заседание, се состануваат трите постојани комитети.          

Парламентарното собрание е воспоставено со цел да се даде поголемо значење на парламентарната дипломатија во медитеранскиот регион, односно регионот да се здобие со сопствен парламентарен форум, како и зајакнување и унапредување на дијалогот меѓу културите. 

Делегација на Секцијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното Собрание на Франкофонијата (ПСФ)

Меѓународната организација на Франкофонијата е меѓувладина организација формирана на 20 март 1970 година, од 21 држави и влади, под името Агенција за културна и техничка соработка (Агенце де цоопeратион цултурелле ет тецхниљуе - АЦЦТ), а во 1998 година таа се преименува во Меѓународна организација на Франкофонијата (Организатион интернатионале де ла Францопхоние-ОИФ). Во оваа организација со седиште во Париз, денес членуваат 56 држави и влади и 14 земји наблудувачи.

Основните цели на меѓународната организација на Франкофонијата се: промовирање на францускиот јазик и јазичната и културната различност, промовирање на мирот, демократијата и човековите права, подршка на образованието, обуката, високото образование и истражувањето, развој на соработката во служба на одржливиот развој и солидарноста.
Парламентарното собрание на Франкофонијата е претставничко собрание на Франкофонијата и нејзино консултативно собрание.Тоа е формирано во мај 1967 година на Конститутивното собрание во Луксембург, под името “Меѓународна асоцијација на парламентарци кои го говорат францускиот јазик” (АИПЛФ). Во јули 1989 година, АИПЛФ се преименува во “Меѓународно собрание на парламентарци кои го говорат францускиот јазик”, а во јули 1998 година во Парламентарно собрание на Франкофонијата (Ассемблeе парлементаире де ла Францопхоние -АПФ).

Парламентарното собрание на Франкофонијата претставува место на дебати, предлози и размена на мислења за сите прашања од интерес на неговите членки. Во тесна соработка со Меѓународната агенција на Франкофонијата Собранието презема акции на полето на интерпарламентарната соработка и развојот на демократијата, кои имаат за цел да ја зацврстуваат солидарноста помеѓу парламентарните институции и да ја промовираат демократијата и владеењето на правото, особено во франкофонските заедници. Парламентарното собрание на Франкофонијата дава значителен придонес во дебатите за теми, како што се: слободата и политичките права, парламентите и комуникацијата, франкофонскиот економски простор, образованието, пречките за дифузија на знаењата во франкофонските земји, местото на францускиот јазик во меѓународните организации и сл.

Во рамките на парламентарната димензија на Парламентарното Собрание на Франкфонијата се формирани и следните органи: Мрежа на жени парламентарки, Парламентарна мрежа за борба против ХИВ/СИДА, Парламент на млади франкофони и др. Во Парламентарното собрание на Франкофонијата членуваат 77 парламенти, парламентарни собранија или совети на земји, покраини, региони и меѓународни организации. Секцијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата, како и Бирото на Секцијата и делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парла-ментарното собрание на Франкофонијата се основани во јануари 2001 година.


Шеф на делегацијата:
ЃОРЃИ КОЏАБАШИЕВ

              Членови: ЏЕВАТ АДЕМИ
                                    СИЛАНА БОНЕВА
                                        ГОРДАН ГЕОРГИЕВ

Click