Павле Трајанов
Член на ДС. Роден на 25.12.1952 година во с. Д. Радеш, Радовиш. Македонец. Дипломиран правник, Правен факултет „Јустинијан Први“, Скопје, со правосуден испит, адвокат.
Активности во Собранието:
- Комисија за европски прашања, член
- Комисија за надзор над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи и од Министерството за одбрана, член
- Комисија за одбрана и безбедност, член
- Комисија за уставни прашања, член
- Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација, со статус на придружна делегација (ПС НАТО), член
- Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација (Мешовит парламентарен комитет ЕУ - Република Македонија), заменик-член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Државата Израел, претседател
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Народна Република Кина, член
Е-пошта: p.trajanov@sobranie.mk