
Мевмед Џемајлоски
Член на ПЕИ. Роден на 17.7.1965 година во Подгорци, Струга. Торбеш. Дипломиран правник, Прв приватен универзитет ФОН, Струга.
Активности во Собранието:
- Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, член
- Комисија за прашања на изборите и именувањата, член
- Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, заменик-член
- Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, заменик-член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Федерацијата на Босна и Херцеговина, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Индонезија, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Монголија, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Словенија, член
Е-пошта: m.dzemajloski@sobranie.mk

Рејхан Дурмиши
Член на ПЕИ. Роден на 11.10.1974 година во Дебар. Торбеш. Дипломиран педагог, Филозофски факултет, Скопје.
Активности во Собранието:
- Комисија за локална самоуправа, член
- Комисија за транспорт, врски и екологија, член
- Комисија за уставни прашања, заменик-член
- Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, заменик-член
- Делегација на Собранието на Република Македонија во Интерпарламентарната унија (ИПУ), член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Чешката Република, претседател
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Црна Гора, член
Е-пошта: r.durmisi@sobranie.mk

Фијат Цаноски
Член на ПЕИ. Роден на 2.10.1960 година во с. Октиси, Струга. Торбеш. Завршил магистерски студии по политички науки, „Сесловенски универзитет“, Нови Сад.
Активности во Собранието:
- Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, член
- Комисија за образование, наука и спорт, член
- Комисија за локална самоуправа, заменик-член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Хрватска, претседател
Е-пошта: f.canoski@sobranie.mk