
Горан Мисовски
Член на НСДП. Роден на 15.4.1965 година во Скопје. Македонец. Економист, Економски факултет, Прилеп.
Активности во Собранието:
- Комисија за финансирање и буџет, заменик-претседател
- Комисија за одбрана и безбедност, член
- Делегација на Собранието на Република Македонија во Интерпарламентарната унија (ИПУ), член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Државата Израел, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на САД, член
Е-пошта: g.misovski@sobranie.mk

Николче Ацевски
Член на НСДП. Роден на 2.6.1969 година во Битола. Македонец. Доктор по електротехнички науки.
Активности во Собранието:
-
Комисија за надзор над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи и од Министерството за одбрана, заменик-претседател
-
Комисија за економски прашања, член
-
Комисија за образование, наука и спорт, заменик-член
-
Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, заменик-член
-
Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Португалската Република, член
-
Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Финска, член
Е-пошта: n.acevski@sobranie.mk

Соња Мираковска
Член на НСДП. Родена на 12.9.1963 година во Берово. Македонка. Дипломирала на Правниот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје.
Активности во Собранието:
- Законодавно-правна комисија, член
- Комисија за труд и социјална политика, член
- Комисија за уставни прашања, заменик-член
- Комисија за здравство, заменик-член
- Комисија за прашања на изборите и именувањата, заменик-член
- Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПС СЕ), заменик-член
- Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација (Мешовит парламентарен комитет ЕУ - Република Македонија), заменик-член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Словачката Република, претседател
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на земјите од Латинска Америка и од Карибите, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на Република Малта и Република Кипар, член
Координаторка на Клубот на пратенички (од 1 октомври 2011 до 31 септември 2012 година).
Е-пошта: s.mirakovska@sobranie.mk

Тито Петковски
Член на НСДП. Роден на 23.1.1945 година во с. Псача, Крива Паланка. Македонец. Правен факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје.
Активности во Собранието:
- Национален совет за евроинтеграции, член
- Комисија за надзор над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи и од Министерството за одбрана, претседател
- Комисија за уставни прашања, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Француската Република, член
Е-пошта: t.petkovski@sobranie.mk