Делегации

Четврток, 7 февруари 2012 година

Излезе двaесет и осмото издание на билтенот на МПК РМ-ЕУ

Во актуелниот број на Билтенот, претставена е првата официјална посета на Делегација од Мешовит парламентарен комитет од Република Македонија на нивните колеги во Големото народно собрание на Република Турција во состав: г. Кенан Хасипи, копретседавач, г-ѓа Силвана Бонева, г. Александар Спасеновски, членови и г-ѓа Дешира Имери, заменик-член на Комитетот.

Во рамките на посетата, остварени се средби со г. Афиф Демиркиран, претседавач на Мешовитиот парламентарен комитет-Република Турција и Европска унија, со цел размена на искуства околу работењето на двата Комитета и со  г. Мехмет Текелиоглу, претседател на Комисијата за интеграција со Европската унија, на која е потенцирана важноста од блиски и поинтензивни контакти двата парламента, заемно помагање и давање поддршка во клучните моменти на евроинтегрирањето на двете земји.  На Средбите со г. Хусеин Бурге, претседател на Парламентарната група за пријателство Република Турција-Република Македонија и неговиот заменик, г. Исмаил Кашдемир, во духот на богатата меѓупарламентарна соработка беше истакнато дека и во наредниот период ќе се задржи позитивната динамика во контактите на групите за соработка. На средбата со г. Исмаил Сафи, шеф на Делегацијата на Парламентот на Турција во ПАБСЕК, беа разменети мислења за позитивно решение во блиска иднина и покрај пречките, Република Македонија и натаму да вложува напори за целосно интегрирање во структурите на ПАБСЕК.

Во Билтенот, претставени е средбата на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски и на членовите на Групата за соработка со претседателот на Владата на Република Србија, г. Ивица Дачиќ, на која уште еднаш беа потврдени високо развиените односи меѓу двете држави и народи, со висок степен на доверба и отсуство на отворени и спорни прашања, на која. посебно акцент беше ставен на заедничката иднина во рамките на процесот на интеграција во Европската унија, како и средбата на претседателот Вељаноски со директорот на Генералниот директорат за проширување на Европската комисија, г. Стефано Санино, на која г. Санино беше информиран во врска немилите случувања на 24 декември 2012 година, како и со фактите, околностите и настаните кои претходеа на овие настани и за насоките и мерки за јакнење на парламентарниот капацитет и за непречено функционирање на Собранието во полн состав.

Последната вест во Билтенот е јавната расправа на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Комисијата за здравство на Собранието на Република Македонија и Меѓупартиската парламентарна група за ХИВ, за подобра грижа и третман за лицата што живеат со ХИВ - ЛЖХИВ во Република Македонијa, на која ги поздравија досегашните напори на институциите за одржување на релативно ниското ниво на преваленца на ХИВ-инфекцијата и побараа од Министерството за здравство проширување на позитивната листа и обезбедување најниска можна цена на лекови и изразија очекување сите надлежни институции и НВО-и што работат на ова поле да продолжат и да ги интензивираат активностите за превенција и рано откривање на ХИВ/СИДА, како и за отстранување на предрасудите и стигмата што ги следи;

Последниот број на Билтенот, како и неговите минати изданија, можете да ги прочитате на следнава адреса:
http://www.sobranie.mk/?ItemID=CE34543E8A02C145AEDBFA3FCA5837CE
 
a за повеќе информации за активностите на МПК, одете на следниов линк:
http://www.sobranie.mk/?ItemID=B052DC5680964D41A79CCA558F2A68E4
 
 

Click