Делегации

Петок, 18 мај 2012 година

ИЗЛЕЗЕ ДВАЕСЕТ И ПРВОТО ИЗДАНИЕ НА БИЛТЕНОТ НА МЕШОВИТИОТ ПАРЛАМЕНТАРЕН КОМИТЕТ РМ-ЕУ

Во 21-то издание на Билтенот на Мешовитиот парламентарен комитет РМ-ЕУ претставени се активностите  поврзани со евроинтегративниот процес на Собранието на Република Македонија во месец април 2012 година. Издвоено е учеството на претседателот  на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски на Конференцијата на претседатели на парламенти од земјите на Европската унија во Варшава, Полска, како и неговата средба во Собранието со премиерот на Владата на Чешката Република, г. Петр Нечас.

Посебно внимание заслужува веста за учеството на претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Хајрула Мисини на 47 заседание на КОСАК во Копенхаген, Данска, каде Република Македонија доби силна поддршка од Парламентите на Литванија, Латвија и Естонија, кои упатија писмена изјава до сите членови на КОСАК за неодложно отпочнување на преговорите на Република Македонија за членство во Европската унија. Клубот на пратенички беше активен и овој месец со учество на Работилницата за родово буџетирање, која беше наменета за изнаоѓање начини за одговорно родово буџетирање и за изготвувањето на првата национална стратегија за родово буџетирање, која се предвидува да се усвои во јуни 2012 година. На крај, но не помалку важна, е веста за одржаната заедничка седница на Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции, на која свое излагање имаше заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжена за европски прашања, г-ѓата Теута Арифи. Таа ја претстави Информацијата за реализираните активности од НПАА - ревизија 2012 од страна на Владата на Република Македонија за периодот 1.1.2012 - 31.3.2012 година, во контекст на отпочнатиот пристапен дијалог на високо ниво меѓу Владата на Република Македонија и Европската комисија.

Последниот број на Билтенот, како и неговите минати изданија, можете да ги прочитате на следнава адреса:
http://www.sobranie.mk/?ItemID=CE34543E8A02C145AEDBFA3FCA5837CE

a за повеќе информации за активностите на МПК, одете на следниов линк:
http://www.sobranie.mk/?ItemID=B052DC5680964D41A79CCA558F2A68E4

Click