Делегации

Понеделник, 10 октомври 2011 година

ИЗЛЕЗЕ ПЕТНАЕСЕТТОТО ИЗДАНИЕ НА БИЛТЕНОТ НА МЕШОВИТИОТ ПАРЛАМЕНТАРЕН КОМИТЕТ РМ-ЕУ

Денеска излезе новото, 15-то издание на Билтенот на Мешовитиот парламентарен комитет РМ-ЕУ, прво во новиот парламентарен состав 2011-2015 година. Во актуелниот број, претставено е обраќањето на новиот претседавач на МПК, г. Кенан Хасипи, до колегите од Делегацијата на МПК во Европскиот парламент, согласно досегашната пракса на секој претседавач на почетокот од неговиот мандат.

Значаен сегмент во тековното издание е прославувањето на 20-годишнината од независноста на Република Македонија и официјалното предавање на Декларацијата за независност од страна на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, на претседателот на Република Македонија, г. Ѓорѓе Иванов пред Собранието на Република Македонија.

Исто така, во Билтенот е претставена посетата на премиерот на Република Турција, г. Реџеп Таип Ердоган, на Собранието на Република Македонија и средбата со претседателот Вељаноски и со претседателот и членовите на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Турција, потоа посетата на Известителот на ЕП за Македонија, г. Ричард Ховит, со претседателот Вељаноски и со г. Кенан Хасипи, г. Хајрула Мисини, г-ѓа Радмила Шеќеринска, претседателите на телата задолжени за европски прашања во Собранието на Република Македонија, како и првата седница во новиот состав на Националниот совет за евроинтеграции и обраќањето на заменик – претседателот на Владата задолжен за европски прашања, г-ѓа Теута Арифи, пред членовите на Советот.

Последниот број на Билтенот, како и неговите минати изданија, можете да ги прочитате на следнава адреса:
http://www.sobranie.mk//mpk-bilten.nspx

а за повеќе информации за активностите на МПК, одете на следниов линк:
http://www.sobranie.mk/default.asp?ItemID=B052DC5680964D41A79CCA558F2A68E4

Click