Делегации

Петок, 14 јуни 2013 година

СПЕЦИЈАЛНО ИЗДАНИЕ НА БИЛТЕНОТ НА МПК

Специјалното издание на Билтенот на МПК е посветено на одржувањето на Конференцијата на претседатели на Парламентите на земјите членки во Процесот за соработка во Југоисточна Европа, во рамките на Македонското претседателство со процесот, која од страна на Собранието на Република Македонија беше организирана во Охрид, Република Македонија.

На Конференцијата, после неколку години, се усогласија повеќе документи, меѓу кои и усвојувањето на Заедничка изјава за основање на Парламентарно собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПС на ПСЈИЕ) кое ќе ја остварува улогата на чадор за постигнување на синергија во активностите на регионални иницијативи и форми на соработка, ќе ги промовира и ќе ја следи следи реализацијата на целите и приоритетите дефинирани од страна на ротирачкото претседателство на ПСЈИЕ и Регионалниот совет за соработка и ќе делува во насока на јакнење на парламентарните дипломатски активности и врски со регионалните, европските и меѓународни организации, иницијативи и фондации.

Во Билтенот, претставени се и билатералните средби на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, со колегите од парламентите на земјите членки во ПСЈИЕ.

Последниот број на Билтенот, како и неговите минати изданија, можете да ги прочитате на следнава адреса:
http://www.sobranie.mk/?ItemID=CE34543E8A02C145AEDBFA3FCA5837CE

a за повеќе информации за активностите на МПК, одете на следниов линк:
http://www.sobranie.mk/?ItemID=B052DC5680964D41A79CCA558F2A68E4

Click