Делегации

Понеделник, 5 септември 2011 година

Средба на копретседавачот на Мешовитиот комитет - Република Македонија и Европска унија, г. Кенан Хасипи со европратеникот  г.  Јорго Шацимаркакис

Копретседавачот на Мешовитиот комитет - Република Македонија и Европска унија (МПК - РМ и ЕУ), г. Кенан Хасипи во Собранието на Република Македонија денеска оствари средба со својот колега,  европратеникот  г. Јорго Шацимаркакис.

Копретседавачот, г. Кенан Хасипи изрази чест и задоволство за остварување на оваa прва средба која се совпаѓа во период кога Република Македонија одбележува 10 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, оценувајќи ја конференцијата како успешна со верување дека тој европски дух кој што владееше ќе продолжи и понатаму.

Оваа средба копретседавачот, г. Кенан Хасипи и европратеникот  г. Јорго Шацимаркакис ја искористија за размена на теми за кои би можело да се разговара на следниот 9 состанок на Мешовитиот комитет - Република Македонија и Европска унија, кој ќе се одржи на 3 и 4 ноември 2011 година во Скопје.

Европратеникот,  г. Јорго Шацимаркакис го посочи културниот диверзитет, како важна европска вредност, прашањето за децентрализацијата и како поефикасно да се користи воопшто, и економската криза беа само неколку предлог- теми кои би можеле да бидат разгледувани на некој од наредните состаноци.

Европратеникот г. Шацимаркакис и г. Хасипи изразија благодарност до претходните копретседавачи на Мешовитиот комитет - Република Македонија и Европска унија (МПК - РМ и ЕУ) и задоволство од двете делегации за досегашниот историјат на односите, за плодната и интензивна соработка која во иднина ќе продолжи со истата динамика.

На средбата присутните истакнаа дека заедничка цел е Република Македонија да биде дел од големото европско семејство, европскиот дух веќе постои, потребно е да се почне со преговори за членство во Европската унија.

 

Click