Делегации

Петок, 20 септември 2013 година

ТРИЕСЕТ И ПЕТТО ИЗДАНИЕ НА БИЛТЕНОТ НА МПК

Во актуелниот двоброј за месец јули и август 2013 година, кој ги опфаќа активностите на Собранието на Република Македонија поврзани со европските интеграции, опфатена е официјалната посета на Претседателот на Република Словенија, г. Борут Пахор и неговата средба со претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, на која уште еднаш беа разменети мислење за добивањето на датум за отпочнување на преговорите на Република Македонија со Европската унија и во тој контекст, беше изразена подготвеностa од страна на Република Словенија да направи сѐ што е во нејзина можност за олеснување на интегрирањето на Република Македонија. 

Во текот на месец јули, во светло на почетокот на Литванското претседателство со Европскиот совет, Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, одржаа заедничка седница на која беше презентирана програмата и приоритетите за работа на Литванското претседателство за периодот јули - декември 2013 година, од страна на амбасадорот на Република Литванија задолжен за Република Македонија со седиште во Будимпешта, Н.Е. г. Ренатас Јушка, кој исткна дека во фокусот на шестмесечното претседавање на Литванија со Советот на ЕУ ќе бидат трите приоритети: кредибилна, растечка и отворена Европа, зајакнувањето на ЕУ како глобален модел на отвореност и безбедност, поблиска интеграција на источните партнери и следење на процесот на проширување на ЕУ.

Делегација од Комисијата за европски прашања на Холандскиот парламент освтари официјална посета на Република Македонија, која во текот на престојот оствари средби со своите колеги од Комисијата за европски прашања и од Пратеничката група за соработка во Собранието на Република Македонија, на која покрај прашањата за евроинтеграциите на Република Македонија, беа разменети мислења за развивањето на соработката на поле на туризмот  како најсилна врска меѓу двете земји и земјоделието и за можностите за искористување на искуството на Холандија и негова примена во Република Македонија.

Во текот на летото, Комисијата за европски прашања, одржа две од серијата предвидени продолженија на надзорната расправа за степнот на искористеноста на ИПА фондовите во Република Македонија, на кои се дискутираше за степенот на искористеноста на ИПА фондовите во Република Македонија, институционалниот капацитет за нивно искористување и можностите кои се нудат со новиот Инструмент ИПА II за Република Македонија.

Последниот број на Билтенот, како и неговите минати изданија, можете да ги прочитате на следнава адреса: http://www.sobranie.mk//mpk.nspx

a за повеќе информации за активностите на МПК, одете на следниов линк:
http://www.sobranie.mk/default-MK.asp?ItemID=B052DC5680964D41A79CCA558F2A68E4

Click