Пратеници



 

Ружин Нано

 


  
 


    
 
   
Член на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) и член на Претседателството и на Централниот одбор на Партијата. 
      
Бил член на Општинскиот комитет на Сојузот на социјалистичката младина на Македонија од 1976 до 1978 година. Бил на студии и престој во Париз, Франција од 1979 до 1985 година. Основач на неколку невладини организации: Европско движење, Форум за човекови права и Евроатлантски клуб (претседател). Заменик член на делегацијата на Собранието на РМ во НАТО. Член на парламентарната делегација на Собранието на РМ во Европскиот парламент. Претседател на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Франција. 
     
Роден 1952 година во Скопје, РМ. Македонец. Завршил Факултет за политички науки, доктор по политички науки. Редовен професор на Филозофскиот факултет. Добро го знае францускиот, а се служи со англискиот, рускиот и италијанскиот јазик. Бил пратеник во Собранието на РМ и во претходниот мандат од 1994 до 1998 година. Живее во Скопје.
     
  
   

Click