Собраниско раководство



Вторник, 15 септември 2009 година

Одбележување на Меѓународниот ден на демократијата

Во рамките на одбележувањето на Меѓународниот ден на демократијата 15 септември, претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Трајко Вељаноски, во својот кабинет примаше граѓани кои го посетија Собранието.

Со ова, претседателот на Собранието ја продолжува практиката на отворени врати, односно приближување на Парламентот до граѓаните. 

На средбите, прашањата поставувани од граѓаните најчесто беа поврзани со улогата и задачите на претседателот на Собранието. 

Меѓу денешните посетители имаше и  ученици од повеќе училишта, кои се интересираа како функционира Собранието. Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски на едноставен начин им ја објасни работата на Собранието. 

Дали треба постојано да учите за да бидете претседател на Собранието, беше едно од прашањата на нашите млади сограѓани. За разлика од вас, кои имате лекции за учење јас немам, но затоа секојдневно морам да читам закони кои ги носиме, како и многу други акти и документи кои се составен дел од работењето на Собранието, истакна претседателот на Собранието Трајко Вељаноски. Но, сакам да истакнам дека денеска учењето не завршува само со завршувањето на школувањето. Напротив, и Вие утре кога ќе го завршите вашето образование и кога ќе почнете да работите, а можеби некој од вас ќе биде пратеник, исто така ќе треба постојано да се надоградувате со нови знаења, истакна претседателот на Собранието. 

 

 

Click