Собраниско раководство



Вторник, 17.03.2009, Белград

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Трајко Вељаноски се сретна со претседателот на Народното Собрание на Република Србија, г-ѓа Славица Ѓукиќ Дејановиќ

На средбата и двајцата претседатели изразија взаемно задоволство од заживувањето на парламентарната соработка и се заложија за нејзино продлабочување и зајакнување. Претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски ги повика парламентарните групи за соработка и комисиите на двата парламенти да ја обноват и интензивираат соработката. Претседателот на Собранието Вељаноски на својата домаќинка и ги пренесе искуствата и укажувањата кои произлегле од активностите и средбите кои ги имаше во регионот и на неодамнешната Конференцијата на претседателите на парламенти на земјите членки на ЕУ во Париз.Исто така акцент беше ставен и на активности со кои се поттикнувањето на маѓусоседска и регионална соработка во сите области.

Претседателот Вељаноски во разговорите со претседателката се осврна и на работата на Собранието на Република Македонија во изминатиот период, пришто ги потенцираше донесувањето на нов Деловник на Собранието, формирањето на Буџетскиот совет, а ја истакна и важноста од донесување на Закон за Парламент за чие донесување постои иницијатива и во Народното собраниое на Република Србија. Со реализацијата на овие иницијативи се очекува да се зајакне парламентарната автономија и рамноправност со останатите гранки на власт.

Од своја страна претседателката на Народното Собрание истакна дека со оглед на блискоста и фактот дека не поврзуваат минатото и иднината сосема природен процес е воспоставувањето на подлабок однос меѓу двете земји. Претседателот Вељаноски и на оваа средба побара од својот домаќин да се заложи во Европската повелба за регионални и малцински јазици ратификувана во Република Србија меѓу другите јазици да се вметне и македонскиот јазик, како и да се најде начин на јавниот сервис за информирање (РТС) да се отстапи соодветен простор за програми на македонски јазик.   

Click