Собраниско раководство



Четврток, 10 септември 2009 година

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Трајко Вељаноски, го прими амбасадорот на Република Турција, Н.Е. Арслан Хакан Окчал

На средбата, која се одржа по повод донацијата на книги од Големото Народно собрание на Турција за собраниската библиотека, уште еднаш беа потврдени високоразвиените пријателски односи меѓу двете држави.

Турција секогаш покажувала дека е вистински пријател на Република Македонија и ние тоа високо го цениме, истакна Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

Потсетувајќи на посетата на претседателот на Големото Народно собрание на Турција, господин Топтан, претседателот Вељаноски посебно ја истакна парламентарната соработка која се одвива на сите нивоа, а секако во целокупните билатерални односи посебна улога и место има турската етничка заедница кај нас.

Амбасадорот на Турција, господин Окчал, заблагодарувајќи за приемот, истакна дека Турција и во иднина ќе ги развива пријателските односи со Македонија, во која гледа значаен партнер и субјект на стабилноста во регионот. Турција во целост ги поддржува  евроатланските интеграции на Македонија, бидејќи тоа е и од интерес на Турција, но и многу пошироко.



Click