Собраниско раководство



Петок, 4 септември 2009 година

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, го прими новоименуваниот амбасадор на кралството Норвешка, Н.Е. Кјетил Паулсен

Претседателот на Собранието, г.Трајко Вељаноски, на средбата ги нагласи досегашните добри и пријателски билатерални односи со Норвешка и изрази уверување дека ваквата соработка ќе продолжи и во иднина. Притоа, посебно ја цениме поддршката која досега ни ја даваше Норвешка кон нашата евроатланска интеграција. Верувам дека оваа поддршка и понатаму ќе продолжи, а во истовреме ќе ја продлабочиме и билатералната соработка на сите нивоа, истакна претседателот Вељаноски.

Амбасадорот Паулсен се заблагодари на приемот и истакна дека Норвешка продолжува да биде наш силен поддржувач  кон НАТО интеграцијата. Иста така, Норвешка ја поддржува Република Македонија за добивање на датум за почеток на преговорите со ЕУ. На средбата амбасадорот Паулсен изрази и подготвеност да придонесе во зајакнување на соработката меѓу двата парламенти на сите нивоа.

Click