Собраниско раководство



Петок, 18 септември 2009 година

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски во Будимпешта учествува на Kонференција на претседатели на парламенти посветена на евроатлантските интеграции на државите од регионот Западен Балкан

На Конференцијата, која ја отвори претседателот на Унгарскиот парламент д-р Бела Катона, учествуваат и претседателите на парламентите на Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија и Црна Гора. 

Претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски, како копретседавач на сесијата посветена на Интеграцијата во ЕУ на државите од регионот Западен Балкан, во своето воведно излагање истакна дека за Република Македонија стратешка цел се евроатлантските интеграции. Притоа ние сме свесни дека тоа значи темелни реформи и хармонизација со европското законодавство и целосно почитување на стандардите врз кои се темели  ЕУ. Поаѓајќи од Договорот за стабилизација и асоцијација, како и од таканаречените Копенхашки критериуми во Македонија многу сериозно работиме на нивното усвојување и имплементација. Истакнувајќи ја клучната улога на парламентите во тие интегративни процеси, претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски, истакна дека Република Македонија годинава направи квалитетни чекори во реализацијата на своите одредници. Тоа се виде и преку препораката на ЕК за укинување на визниот режим за македонските граѓани, а исто така очекуваме Македонија во есенскиот Извештај на ЕК да добие препорака за добивање на датум за започнување на преговорите.

Зборувајќи за интеграцијата на државите од регионот, претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски, истакна дека на ЕУ сега и се потребни два паралелни процеса. Првиот е продлабочување кое во моментов е забавено со ратификацијата на Лисабонскиот договор. Вториот процес е проширувањето, кое секако претставува бенефит за државите од регионот, а  во исто време и јакнење на ЕУ. Со ова се остварува и визијата на големите Европејци и татковци на здружена Европа, истакна претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко  Вељаноски.

Click