Собраниско раководство



Вторник, 10.03.2009

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска го прими новоименуваниот амбасадор на Република Албанија во Република Македонија неговата екселенција Арбен Чејку

На средбата претседателот на Собранието господинот Трајко Вељаноски уште еднаш ги истакна добрососедските односи меѓу двете држави, а во тие рамки соработката на двата парламента и тоа на сите нивоа. Оваа соработка и односи треба и понатаму да се развиваат и притоа како нова димензија и квалитет да биде регионалната соработка. Во тие рамки истакна претседателот Трајко Вељаноски дека посебно место има Коридорот 8 за што со претседателката на Албанскиот парламент госпоѓа Јозефина Топали разговарале за време на посетата во Тирана. На средбата абасадорот на Република Албанија Арбен Чејку пренесувајќи ги поздравите на претседателката на Албанскиот парламент Јозефина Топали упатени до претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, истакна дека Албанија во Република Македонија гледа како значаен партнер во билатералната, но и во регионалната соработка. Затоа верува дека таа соработка и понатаму ќе ја развиваме бидејќи е во заеднички интерес и на регионот и на Европа.

Click