Собраниско раководство

Четврток, 17 септември 2009 година

Претседателот на Собранието на Република Македонија, господин Трајко Вељаноски, во Будимпешта оствари работна средба со претседателот на Унгарскиот парламент, господин Бела Катона

На средбата претседателот на Собранието, г.Трајко Вељаноски осврнувајќи се на билатералните односи истакна дека тие се многу добри, а во тоа, свој голем придонес даваат и двата парламента. Помеѓу двата парламента имаме потпишано протокол за соработка кој се реализира преку соработка на сите нивоа, од редовни средби на парламентарните тела и групите за пријателство до средбите на претседатели.

Изразувајќи благодарност за поддршката што Унгарија ја дава на Република Македонија во остварувањето на нашата определба за членство во ЕУ и НАТО, претседателот на Собранието, г.Трајко Вељаноски посебно ја истакна принципелната политика на Унгарија до проширувањето на ЕУ со државите од регионот. Република Македонија многу сериозно во изминатиов период работеше на остварувањето на своите одредници кои ги исполнивме. Затоа со право по препораката за укинување на визниот режим сега очекуваме во Извештајот на Европската комисија да добиеме и препорака за датум за отпочнување на преговорите, истакна претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски.

Претседателот на Унгарскиот парламент, г. Бела Катона заблагодарувајќи се за учеството на Конференцијата истакна дека Унгарија и понатаму ќе ја поддржува Република Македонија на нејзинот пат кон полноправно членство во ЕУ и НАТО и ќе продолжи со својата политика за интеграција на регионот. Постигнатиот напредок на Република Македонија се гледа и во препораката за укинување на визниот режим. Знам и за постигнатите резуллтати кои ги имате направено во изминатиов период. Затоа Унгарија во целост ќе ја поддржи препоракта за добивање на датум за отпочнување на преговорите.
 

 



Click