Собраниско раководство



Вторник, 12 мај 2009 година

Претседателот на Собранието, г.Трајко Вељаноски се сретна со претседателот на парламентарното собрание на ОБСЕ, г.ЖOао Соареш

На средбата претседателот на Собранието, г.Трајко Вељаноски истакна дека Македонија како полноправна членка на ОБСЕ во целост ги почитува и спроведува основните принципи и определби на оваа меѓународна асоцијација, изразувајќи благодатрност за улогата на ОБСЕ во целокупните процеси на транзицијата на македонското општество, но и институции. Претседателот Вељаноски уште еднаш потсети дека за граѓаните на Република Македонија е многу значајно да се укине визниот режим бидејќи тоа сме го заслужиле врз она што го имаме направено. Помеѓу тие позитивни резултати се и последните избори кои во првичниот извештај на ОДИХР се оценети многу добро.

Во врска со спорот со името ние остануваме на определбата спорот да го решиме со дијалог и компромис, но тој несмее да го доведе во прашање нашиот национален, културен или јазичен инеднтитет, истакна претседателот на Собранието, г.Трајко Вељаноски.

Претседателот на Парламентарното Собрание на ОБСЕ Жoао Соареш истакна дека Македонија навистиона прави позитивни чекори и потполно го поддржува барањето за укинување на визите. Јас ги разбирам вашите ставови во врска со спорот со името и во целост како Парламентарно Собрание на ОБСЕ ги поддржуваме двете страни преку дијалог да најдат решение кое ќе биде прифатливо. Во исто време можеби е добро тој дијалог да се прошири и помеѓу парламентарците. Ние како Парламентарно Собрание на ОБСЕ сме подготвени на парламентарците на двете држави да им помогнеме тој дијалог да го воспостават, секако почитувајќи ги и преговорите кои се водат во рамките на Обединетите Нации, истакна г.Жoао Соареш, претседател на Парламентарното Собрание на ОБСЕ.

Click