Собраниско раководство



Понеделник, 19 октомври 2009 година

Учество на Делегација на Собранието на Република Македонија во Интерпарламенарната унија, во Женева

Делегација на Собранието на Република Македонија во Интерпарламенарната унија ќе учествува на 121 Собрание на ИПУ што ќе се одржи од 19 до 21 октомври 2009 година во Женева, Швајцарија.

Во состав на Делегацијата се пратениците: г. Трајко Вељаноски, претседател на  Собранието на Република Македонија и шеф на Делегацијата во ИПУ, г. Јани Макрадули, потпретседател на Собранието, г. Рафиз Аљити, потпретседател на Собранието, г-ѓа Силвана Бонева, г. Горан Мисоски, г-ѓа Фљора Кадриу.

Генералниот секретар на Собранието на Република Македонија, г. Жарко Денковски ќе учествува на седниците на Здружението на генерални секретари, што паралелно се одржува во рамките на ИПУ.

Интерпарламентарната унија, основана во 1889 година е најстарата мултилатерална политичка организација во која членуваат 153 национални парламенти и 8 меѓународни организации. Светската организација на парламенти со седиште во Женева има статус на постојан набљудувач во рамките на ООН.         

Click