Четврток, 2 декември 2010 година
Средба на претседателот г. Трајко Вељаноски со претставници на Национален совет на инвалидски организации на Република Македонија

Претседателот на Собранието на Република Македонија изрази задоволство што и годинава има можност да се сретне со претставниците на Националниот совет и воедно упати честитка за утрешниот Меѓународен ден на лица со инвалидност. Воедно, Вељаноски ја потврди поддршката на сите пратеници во Собранието на Република Македонија, без оглед на нивна политичка, национална или верска припадност, во донесувањето на што покорисни и поквалитетни законски решенија кои ги засекаат лицата со инвалидност. Изрази подготвеност лично да се заложи во насока на што поскоро ратификување на Конвенцијата на ОН, како и во надминување на дел од проблемите со кои се соочуваат овие организации и за соодветно имплементирање на дел од нивните предлози.