Среда, 10 ноември 2010 година
Извештајот потврди дека Македонија е подготвена за пристапните преговори

„Овој извештај потврдува дека земјата е подготвена за отпочнување на пристапните преговори. Овие преговори ќе ѝ помогнат да се справи со низа важни предизвици, како што се владеење на правото и јавната администрација, како и зголемување на конкурентноста и намалување на невработеноста. Се надевам дека прашањето за името може да биде решено и ќе можеме да го започнеме овој процес кој е од особено значење за иднината на државата” – соопшти еврокомесарот за проширување, г. Штефан Филе, на вчерашната прес-конференција во Брисел, објавувајќи го Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2010 година.