Собраниско раководство



Вторник, 19 октомври 2010 година

Средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, со новоименуваниот амбасадор на Кралството Шведска во Република Македонија, Н.Е. Ларс Вахлунд

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, го прими новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Кралството Шведска во Република Македонија, Н.Е. Ларс Вахлунд. На средбата, претседателот Вељаноски ја нагласи досегашната поддршка кон нашите евроатлански интеграции од страна на Шведска, како земја вистински пријател на Република Македонија и особено го истакна успешното шведско претседавање со ЕУ минатата година и искажаната подготвеност од нивна страна да не поддржат во добивањето на датум за отпочнување на преговорите со ЕУ.

Претседателот Вељаноски се осврна на реформските процеси кои ги прави Република Македонија на полето на ЕУ интеграциите и исполнувањето на европските критериуми, но, како што истакна претседателот, за Република Македонија најголема пречка претставува наметнатиот проблем од страна на Република Грција околу нашето уставно име и тоа е прашање околу кое активно работиме на изнаоѓање на заемно прифатливо решение со Република Грција и затворањето на овој проблем ќе биде корисен како за нас, така и за европските интеграции на Балканот во целост, нагласи претседателот Вељаноски.

Новоименуваниот амбасадор на Кралството Шведска, Н.Е. Ларс Вахлунд, изрази задоволство и благодарност за средбата со претседателот на Собранието и нагласи дека Шведска и понатаму ќе продолжи да не поддржува на патот кон ЕУ и НАТО, изрази задоволство од досегашното ниво на реформи кои ги прави Република Македонија и нејзината изразена подготвеност и високата поддршка која ја даваат граѓаните за членство во ЕУ и НАТО и, како што истакна амбасадорот, името не треба да биде единствениот критериум за одблокирање на евроинтеграциските процеси, но во овој момент претставува единствена пречка за која се надева дека со заемни напори на двете страни ќе биде отстранета.  

Click