Собраниско раководство



Вторник, 21 декември 2010 година, Ерусалим

Средба на собраниска делегација, предводена од претседателот Вељаноски, со министерот за надворешни работи и вицепремиер на Државата Израел, г. Авигдор Либерман

Делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, а во чиј состав се и пратениците г. Павле Трајанов, претседател на Пратеничката група за соработка со парламентот на Државата Израел, г-ѓа Славица Грковска и г. Џеват Адеми членови на групата, во првиот дел од официјалната посета на Државата Израел, оствари средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Државата Израел, г. Авигдор Либерман.

„Бидете уверени дека Државата Израел е искрен поддржувач на вашата земја“ порача министерот Либерман на почетокот на средбата. Државата Израел ја поддржува Република Македонија во нејзините аспирациии да стане полноправна членка на Европската унија и НАТО. Република Македонија е уникатен пример за толеранција и дијалог меѓу различните зааедници и религии. Во таа насока, министерот Либерман изрази задоволство од активностите за изградбата на Меморијалниот центар на Холокаустот во Скопје, како и од степенот на интегрираност на Еврејската заедница во Република Македонија.

Од страна на претседателот Вељаноски беше дадено уверување дека со влезот на Република Македонија во НАТО и Европската унија, Државата Израел ќе има вистински пријател меѓу државите-членки. Исто така, претседателот Вељаноски истакна дека Република Македонија е една од ретките земји во светот кои го решиле прашањето за имотот на Еврејската заедница и нејзините припадници - жртви на Холокаустот. Оттука, Владата на Република Македонија и Еврејската заедница во Република Македонија интензивно работат на изградбата на Меморијалниот центар на Холокаустот во Скопје, при што се очекува истиот да биде отворен во март следната година. 

Двајцата соговорници се согласија дека постои висок степен на развиеност на политичките односи меѓу двете држави и она што е потребно е интензивирање на односите во економската сфера. Во таа насока, потребно е да продолжат средбите на највисоко ниво, вклучувајќи ја и бизнис заедницата, од што ќе произлезат иницијативи за подобрување на економските односи. 

Претходно, собраниската делагација, предводена од претседателот Вељаноски, го посети Меморијалниот центар на Холокаустот „Јад Вашем“, каде што во Холот на сеќавања положи венец и се потпиша во Книгата на сеќавања.

Click