Собраниско раководство



Понеделник, 5 јули 2010 година

Средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, со пратеникот на владејачката партија во Западна Австралија, г. Антонио Крстиќевиќ

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, се сретна со пратеникот од владејачката партија во Западна Австралија, г. Антонио Крстиќевиќ. На средбата, претседателот Вељаноски изрази задоволство од зголемениот интензитет на политичка соработка на високо ниво помеѓу двете земји во текот на оваа година и изрази надеж дека оваа соработка ќе продолжи уште позасилено преку соработката на парламентарците на сите нивоа.

Претседателот Вељаноски на средбата упати поздрав до својот колега, г. Хери Џенкинс, претседател на Претставничкиот дом на Австралија и го искажа своето очекување за реализација на возвратна посета во Австралија во текот на наредната година и ја искористи можноста да упати поздрав и до македонските иселеници во Западна Австралија.

Пратеникот од Западна Австралија, г. Антонио Крстиќевиќ, изрази задоволство од оваа негова прва посета на Република Македонија и ја потенцираше исто така потребата од поблиска соработка меѓу Австралија и Република Македонија, како на парламентарно, така и на владино ниво, и, како што истакна г. Крстиќевиќ, со тоа ќе се отвори  поголема можност и во поглед на зајакнување на економската соработка како и на планот на инвестициите меѓу двете земји. 

Click