Собраниско раководство



Среда, 1 септември 2010 година

Средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, со Н.Е. Гурол Сокмен Суер, вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Турција во Република Македонија

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, го прими новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Турција за Република Македонија Н.Е. Гурол Сокмен Суер.

На средбата, претседателот Вељаноски ја нагласи досегашната успешна соработка со претходниот амбасадор на Република Турција и изрази надеж дека и со новиот амбасадор ќе продолжи овој континуитет, како и воопшто севкупната пријателска соработка меѓу двете земји која е на високо ниво во изминатиот период.

Претседателот на Собранието посебно го истакна задоволството од досегашното ниво на билатерална и мултилатерална соработка со Република Турција и со Големото народно собрание на Република Турција како наша пријателска земја, ја потенцираше и поддршката која ни ја дава Република Турција кон нашите евроатлантски аспирации и искажа подготвеност во најскоро време со делегација на Собранието на Република Македонија да ја реализира својата возвратна посета на Република Турција.

Новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Н.Е. Гурол Сокмен Суер, изрази задоволство и благодарност за средбата со претседателот на Собранието и нагласи дека на секој турски дипломат му претставува задоволство да биде во некоја дипломатска мисија во Република Македонија. Турскиот амбасадор посебно ги истакна досегашните пријателски релации меѓу двете земји, ја изрази својата надеж дека така ќе биде и во иднина и ја искажа својата подготвеност да придонесе активно во уште поголемо продлабочување на соработката на сите нивоа меѓу Република Македонија и Република Турција.

Click