Собраниско раководство



Понеделник, 1 ноември 2010 година

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, во официјална посета на Канада

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, од денеска е во официјална посета на Канада, на покана на канадскиот колега, претседателот на Претставничкиот дом на парламентот на Канада, г. Питер Миликен.

Претседателот Вељаноски го придружува собраниска делегација, во состав: г. Андреј Петров, претседател на парламентарната група за соработка на Собранието на Република Македонија со Парламентот на Канада и членовите на групата: г. Александар Николоски и г. Сафет Незири.

За време на првата официјалната постета на Канада, во Отава, претседателот, покрај со домаќинот претседател на Претставничкиот дом на парламентот на Канада, г. Питер Миликен, ќе оствари средби и со претседателот на Сенатот на Канада, г. Ноел Кинсела, со министерот за надворешна трговија, г. Питер ван Лоун, со пратеници од Претставнчкиот дом, со претседатели и членови на повеќе комисии на Парламентот на Канада, како и со Канадско-европската асоцијација за ОБСЕ и канадската група за Интерпарламентарната унија. Претседателот Вељаноски и собраниската делегација добија покана да присуствуваат на седница на Претставничкиот дом и на седница на Сенатот на Канада.

Во рамките на посетата на Канада, претседателот на Собранието во Торонто ќе ги посети најголемите црковни општини, каде ќе се сретне со заедницата на македонските иселеници во Канада, а ќе оствари средби и со претседателот на Собранието на покраината Онтарио, г. Стив Питерс, и со други значајни претставници на покраината и градовите во кои живее голем број македонско население.

 

Click