ЕУ вести

Петок, 7 мај 2010 година

ЕУ ја прославува 60-годишнината од Декларацијата „Шуман“

Европскиот парламент и другите институции на Европската унија ќе организираат манифестации во Стразбур, Брисел и Луксембург, во земјите-членки на ЕУ, како и Отворени денови во Брисел на 8 мај и Стразбур на 9 мај, со цел да ја одбележат 60-годишнината од потпишувањето на Декларацијата „Шуман“.

Програмата ќе содржи низа активности, како расправи, претстави, настапи, изложби, игри за деца и тури низ Европскиот парламент.

На 9 мај 1950 година Робер Шуман ги постави темелите на Европската унија, повикувајќи се на една Европа, изградена, не одеднаш или според еден единствен план, туку преку конкретни постигнувања коишто ќе создадат фактичка солидарност. Осум години подоцна г. Шуман стана прв претседател на Европскиот парламент.

 

 
Click