ЕУ вести

Четврток, 27 мај 2010 година

Еврокомисијата предложи визна либерализација за Албанија и БиХ

Откако на 19 декември 2009 година граѓаните на Република Македонија, Србија и Црна Гора добија визна либерализација за слободно патување во Европа, Европската комисија денеска предложи безвизен режим и за Албанија и Босна и Херцеговина.

„Среќна сум да најавам дека Европската комисија денеска го усвои предлогот за визна либерализација за граѓаните на Албанија и на Босна и Херцеговина. Сега е на Европската парламент и на Советот да ја донесат крајната одлука, но се надевам дека многу скоро граѓаните ќе можат да ги уживаат бенефитите од визната либерализација“, изјави еврокомесарот за внатрешни работи, г-ѓа Сесилија Малстром.

Еврокомисијата го поддржа укинувањето на визниот режим за овие две држави, додавајќи дека Тирана и Сараево треба уште да поработат на исполнувањето на неопходните критериуми за да станат дел од шенген-зоната.

Во текот на летото, експертска мисија на Европската унија уште еднаш ќе даде оценка за исполнувањето на условите за безвизен режим на двете држави, а конечната одлука ќе биде донесена до крајот на есента.
Click