ЕУ вести

Петок, 8 октомври 2010 година

Европарламентот даде „зелено светло“ за безвизниот режим за БиХ и Албанија

Пратениците на Европскиот парламент на дводненвната пленарна сесија во Брисел (пред завршното гласање за визната либерализација), им честитаа на Албанија и на Босна и Херцеговина за усвоените европски стандарди во областите на правдата, слободата и безбедноста, и ги повикаа земјите-членки на ЕУ да дадат „зелено светло“ за безвизниот режим.

„Двете земји ги презедоа сите неопходни мерки и одговорија на сите отворени прашања. Затоа, Комисијата смета дека сите услови се исполнети и врз таа основа предлага одобрување на безвизниот режим“, изјави во Европскиот парламент комесарката за внатрешни прашања, Сесилија Малстром. Воедно, таа изрази очекување дека и земјите-членки ќе постигнат договор за одлуката да биде донесена во ноември.

Визната либерализација е од особено значење за сите земји од Западен Балкан и претставува камен темелник за интеграциската политика на ЕУ во регионот. 

Во извештајот на Европската комисија беа вметнати и безбедносните гаранции на кои инсистираше Франција.

Иако укинувањето на визите генерално беше поздравено, сепак за време на дебатата можеа да се слушнат и спротивни ставови.

 
Click