ЕУ вести

Петок, 8 октомври 2010 година

Европскиот парламент ќе избира најдобар новинар

Претседателот на Европскиот парламент, г. Јержи Бузек, на 13 октомври 2010 година ќе ја додели Наградата за новинарство, со која Парламентот ги одликува новинарите кои се занимавале со важни европски прашања или придонеле за подобро разбирање на европските институции и политики.

Најпрво, национално жири, составено од новинари од државите-членки на Европската унија, избра 76 национални победници, од кои 25 во категоријата печатени медиуми, 19 во категоријата радио, 21 за телевизија и 11 за интернет.

Потоа, на крајот на септември, во Брисел, жири составено од тројца европратеници и шест новинари избра по еден европски победник во секоја од четирите категории.

В среда, церемонијата за доделувањето на Наградата за новинарство ќе биде проследена со панелна расправа на тема „Новинарите - загрозен вид?“, а европскиот лауреат во секоја категорија ќе добие парична награда во износ од 5.000 евра.
Click