ЕУ вести



Среда, 27 јануари 2010 година, Европски парламент

Изгласани амандманите на Извештајот за Македонија

Со 56 гласа „за“, 5 „воздржани“ и 5 „против“, Европскиот парламент денеска ги изгласа амандманите на Извештајот за Македонија, поднесени од словенечкиот европратеник и известувач, г. Зоран Талер, со кои се бара во март годинава земјата да добие датум за почеток на преговорите за членство во Европската унија.

Во амандманите за кои вчера расправаше Комитетот за надворешни работи, се повикува Брисел да помогне во преговарачкиот процес за спорот околу името.

„На ова гласање гледам доста позитивно за Македонија. Тоа е важен политички сигнал од страна на Парламентот кон Комисијата и Советот на ЕУ, а пред сè за владите во Скопје, Атина и Софија“, изјави г. Талер.

Меѓу 80-те амандмани за Извештајот на Талер свои измени поднесоа бугарските и грчките пратеници.

Воедно, г. Талер изрази загриженост за одложувањето на стартот на преговорите од страна на Советот на министри во декември и дека тоа може да доведе до влошување на меѓуетничките тензии и да има негативни последици врз стабилноста во регионот.

 

Click