ЕУ вести



Среда, 1 септември 2010 година

Крај на продажбата на 75-ватните светилки

Од денеска 75-ватните светилки во облик на крушка заминуваат во историјата. Нивната продажба ќе продолжи само додека се потрошат залихите. На сцена стапуваат новите светилки, кои генерираат многу помалку топлина и кои носат заштеда со оглед на тоа што траат од 6 до 10 пати подолго од старите.

По една година ќе престанат да се продаваат и 60-ватните сијалици, а 24 месеци подоцна и оние од 40 и 25 вати. Нивното место ќе го земенат светло-диодите, флуоросцентните светилки и подобрените жаречки светилки или халогените светилки. Усовршувањето на овие светилки е потребно главно поради тоа што тие само 5% од енергијата ја претвораат во светлина.

Според проценките на Европската унија, покрај заштеда на електрична енергија, ваквиот потег ќе донесе и намалување на емисиите на јаглерод диоксид за 15 милиони тони годишно.

Click