ЕУ вести

Понеделник, 10 мај 2010 година

Македонија пред преземање на претседателството со Комитетот на министрите на Советот на Европа

Утре, на 11 мај, Република Македонија ќе го презеде претседателството со Комитетот на министрите на Советот на Европа за следните шест месеци. Ова ќе се случи во Стразбур на крајот од состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европскиот совет

Со средбата ќе заседава шефот на Министерството за надворешни работи на Швајцарија, г-ѓа Мишелин Калми-Реј, која ќе го претстави извештајот за постигнувањето на нејзината земја за време на претседавањето во последните шест месеци, додека македонскиот министер за надворешни работи, г. Антонио Милошоски, ќе ги претстави приоритетите на програмата на Република Македонија.

Официјалното лого под кое ќе претседава нашата земја е „Македонско претседателство 2010“, кое беше промовирано на 5 мај.

Инаку, на дневниот ред на состанокот ќе се најдат следните точки: проследување на конференцијата на високо ниво за иднината на Европскиот суд за човекови права, мерките преземени од страна на Советот на Европа по конфликтот во Грузија, односите меѓу Советот на Европа и Европската унија и процесот на реформите на Советот на Европа и неговата стратешката улога и одговорност.
Click