ЕУ вести



Понеделник, 8 март 2010 година

Пленарна седница на Европарламентот

Од 8 до 11 март, Европскиот парламент ќе одржи пленарна седница во Стразбур, која ќе ја отвори претседателот на Парламентот, г. Јержи Бузек, со изјава по повод 99. Меѓународен ден на жената - 8 Март.

На седницата ќе стане збор за надворешните работи на Европската унија, нејзината сигурносна и одбранбена политика, вклучувајќи го и финансирањето на службата за надворешна дејност.

Европратениците ќе гласаат и за резолуцијата од средбата на лидерите на ЕУ, одржана на 11 февруари во Брисел, на која беше предложено да ѝ се помогне на Грција во однос на големата економската криза, како и за новиот план на Унијата за развој и вработување, стратегијата ЕУ 2020.

На дневниот ред, меѓу другото, ќе се најдат и правата на жените и спречувањето на насилството врз нив, состојбата во Газа, еманципацијата на Ромите, како и намалувањето на бирократијата во малите фирми .

Click