ЕУ вести



Понеделник, 18 октомври 2010 година

Пленарна седница на Европскиот парламент

Од 18 до 21 октомври, во Стразбур, Европскиот парламент ќе одржи пленарна седница, на која, европратениците, меѓу другото, ќе повикаат на зголемување на инвестициите во научните истражувања, иновациите, образованието, енергетиката, ќе побараат поддршка за Палестина, како и започнување преговори за актуелната долгорочна буџетска рамка и нови начини за финансирање на буџетот.

Во согласност со 17 октомври, како Ден за борба против сиромаштијата на ООН и 2010-та како европска година против сиромаштијата, членовите на Европскиот парламент ќе расправаат и гласаат за резолуцијата која повикува на минимален приход за целата Европска унија.

Генералниот секретар на Обединетите нации, г. Бан Ки-Мун, ќе се обрати пред Парламентот утре, кога се очекува да стане збор за целите на милениумскиот развој, борбата против сиромаштијата и климатските промени, во пресрет на декемвриската конференција во Канкун.

На седницата в среда, ќе се гласа за предлогот на Комисијата за правата на жените, да се продолжи минималното породилно отсуство во Европската унија од 14 на 20 седмици, со полна плата. Пратениците на Европарламентот, исто така, ќе предложат најмалку две седмици платено отсуство и за татковците.

На завршниот ден од собирот во Стразбур, ќе биде избран добитникот на наградата „Сахаров“, која Европскиот парламент ја доделува за слобода на мислата.

Click