ЕУ вести



Вторник, 27 април 2010 година

Постигната согласност за европската дипломатска служба

„Владите на 27-те земји-членки на Европската унија вчера попладне во Луксембург начелно се спогодија околу работата на идната европска дипломатска служба“ - соопшти шпанскиот министер за надворешни работи и актуелен претседавач со ЕУ, г. Мигуел Анхел Моратинос.

По повеќечасовните преговори, министрите за надворешни работи од ЕУ во Луксембург успеаја да се согласат за идната европска дипломатска служба, која треба Европа да ја претставува низ светот, а беше предвидена со Лисабонскиот договор.

Политичката согласност треба да биде одобрена и од шефовите на држави и влади од ЕУ на нивната средба во јуни и потоа да биде поднесен во Европскиот парламент на сесијата во јули.

Покрај англискиот и францускиот, еден од официјалните јазици во европската дипломатска служба ќе биде и германскиот.

Се предвидува да има околу осум илјади вработени во повеќе од 130 земји. Од 2013 година една третина од вработените ќе доаѓаат од земјите-членки на Унијата, додека останатите две третини ќе бидат лица што ќе ги постават Европската комисија и Советот на министри.

Неизвесно е дали новата служба на ЕУ, под раководство на Британката Кетрин Ештон, ќе почне со работа уште пред летната пауза или дури есента 2011 година.

 

Click