ЕУ вести



Вторник, 27 април 2010 година

Пролетна сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа

Од 26 до 30 април во Стразбур се одржува пролетна сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која, меѓу другото, ќе се расправа за последиците од економската криза и климатските промени, за Европската конвенција за човекови права и за дискриминацијата врз основа на сексуалната ориентација и половата еднаквост.

На дневниот ред уште ќе се најдат: лобирањето во демократските општества, последиците од војната меѓу Русија и Грузија, морското пиратство, сеќавање на жртвите на големиот глад во поранешниот Советски сојуз, пост-мониторинг дијалогот со Бугарија, мониторинг-извештајот за демократскиот напредок на Црна Гора и др.

Свое обраќање на петдневната сесија ќе имаат г-ѓа Мишелин Кајли-Реј, министер за надворешни работи на Швајцарија, во функција на претседавач со Комитетот на министри, г. Виктор Јанукович, претседател на Украина, г. Томас Хамарберг, комесар за човекови права на Советот на Европа и г. Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Руската Федерација.

 

Click