ЕУ вести

Понеделник, 19 април 2010 година

Советот на Европа ја награди мултиетничноста

Режисерите Скендар Копти и Јарон Шани се добитници на четвртата филмска награда која ја доделува Советот на Европа, за филмот „Ајами“. Станува збор за оригинална приказна за едно мултиетничко општество во Јафа, Израел, каде коегзистираат различни религии, верувања, традиции и интереси.

Наградата, која се состои од бронзена скулптура и 10.000 евра, ја додели заменик-генералниот секретар на Советот на Европа, Мод де Боер-Букичио, за време на завршната церемонија на 29. Меѓународен филмски фестивал во Истанбул.

Жирито на фестивалот му врачи специјална награда на Филип ван Лу за филмот „Денот кога господ замина на пат“.

Наградата „FACE“ е годишна соработка меѓу Советот на Европа и Меѓународниот филмски фестивал во Истанбул и претставува признание за придонесот во развојот на човековите права преку филмската индустрија.
Click