ЕУ вести



Петок, 17 септември 2010 година

Европскиот Совет посветен на надворешната политика

На вчерашниот самит на Европскиот совет во Брисел, шефовите на држави и влади на 27-те земји-членки од Европската унија се договорија во иднина да одржуваат редовни состаноци за надворешната политика на Унијата, со цел да се зголеми нејзината ефективност

„Ова е почеток на еден процес. Овој Европски совет е првиот во низа посветен на надворешната политика“, изјави претседателот на Европскиот совет, г. Херман ван Ромпуј.

Челниците на ЕУ го усвоија Договорот за слободна трговија со Јужна Кореја, а позитивно се изјаснија и за договорот за заострување на буџетската дисциплина со цел спречување на идни финансиски кризи.

На Самитот беа разгледани и мировните преговори со Блискиот Исток, односите со Западен Балкан, како и претстојните средби на високо ниво со други земји.

Европските лидери се обединија околу потребата Европа повеќе да ги промовира своите интереси и вредности и да биде еден ефективен глобален актер.

Click