ЕУ вести



Среда, 24 февруари 2010 година, Мадрид

Средба на Шпанското претседателство со ЕУ и Европската комисија

Претседателот  на Европската комисија, г. Жозе Мануел Баросо, заедно со 27-те членови на Комисијата, вчера во Мадрид остварија средба со Шпанското претседателство со Европската унија.

Претседателот на Шпанското претседателство, г. Хосе Луис Родригес Запатеро, ја нагласи „основната улога" на Европската комисија во градењето на Европа и понуди целосна поддршка и лојалност во шестмесечниот мандат на неговата земја.

Тој ги потенцираше идеите поврзани со економското опоравување,  енергетската политика, развојот на внатрешниот пазар, индустриската соработка и рамноправноста на половите.

Претседателот на Комисијата вети дека на 3 март ќе го претстави официјалниот документ за новата стратегија на Европа „ЕУ 2020“.

Click