ЕУ вести



Вторник, 9 ноември 2010 година

Визна либерализација за Албанија и БиХ

Граѓаните на Албанија и Босна и Херцеговина од 15 декември 2010 година ќе можат да патуваат низ Европа без визи, одлучи Советот на министри за внатрешни работи и за правда на земјите-членки на Европската унија.

Безвизниот режим важи за оние патници кои поседуваат биометриски пасоши и се однесува на престој до 90 дена во земјите од шенген-зоната.

Со оваа одлука, Албанија и Босна и Херцеговина им се придружија на Република Македонија, Србија и Црна Гора, кои добија визна либерализација на 19 декември 2009 година.

Истовремено, Европската комисија, за да се осигура дека безвизниот режим се одвива без проблеми и за да го спречи ризикот од евентуална злоупотреба од азилантите, воведе нов механизам за надзор на овие земји од Западен Балкан, кој, меѓу другото, вклучува контрола во издавањето на пасошите и контрола на границите.

Click