ЕУ вести



Петок, 5 март 2010 година

Западен Балкан во фокусот на неформалната средба на европските министри за надворешни работи

На 5 и 6 март во Кордоба ќе се одржи неформална средба на европските министри за надворешни работи, на која домаќин ќе биде г. Мигел Анхел Моратинос, министер за надворешни работи и соработка на Шпанија, која претседава со Европската унија.

Западен Балкан ќе биде во фокусот на утрешниот работен ручек со трите земји-кандидатки - Македонија, Хрватска и Турција, а расправата ќе се фокусира на тоа како да се одржи и засили процесот на евроинтегрирање.

На дводневната средба двете главни прашања на кои ќе се дискутира се: политиката на Унијата во однос на новонастанатите политички актери на меѓународната сцена и придонесот на Европа во мировниот процес на Блискиот Исток.

На средбата ќе присуствува и високиот претставник  за надворешни работи и сигурносна политика на ЕУ, г-ѓа Кетрин Ештон, која се очекува да информира за состојбата во однос на исполнувањето на Европската стратегија за надворешни работи, која Унијата планира да ја стартува во април.

Click