ЕУ вести



Петок, 22 октомври 2010 година

Заврши четиридневната пленарна сесија на Европарламентот

На октомвриската сесија на Европскиот парламент, која се одржа од 18 до 21 октомври во Стразбур, меѓу другото, беше покрената кампања за борба против сиромаштијата, со усвојување на резолуција за минимален приход и се даде поддршка за создавањето на служба за надворешна работа на Европската унија.

На седницата свој говор одржаа генералниот секретар на ООН, г. Бан Ки-Мун,  кој даде акцент на три основни цели: борбата против сиромаштијата, климатските промени и нуклеарното разоружување.

Исто така, пред европратениците се обрати и претседателот на Парламентот, г. Јержи Бузек, кој говореше за надминување на економската криза, за солидарноста меѓу земјите-членки на ЕУ и институционалните промени.

Во текот на четиридневната сесија беше усвоен извештај за формирање на Европски монетарен фонд за надминување на финансиската, економската и социјалната криза.

Членовите на Европарламентот повикаа на зголемување на инвестициите во научните истражувања, иновациите, образованието и енергетиката. Се донесоа нови правила за породилното отсуство, кое беше продолжено од 14 на 20 седмици со полна плата, а за татковците од најмалку две седмици платено отсуство.

На последниот ден од седницата беше доделена и наградата „Сахаров“ за слобода на мислата на кубанскиот дисидент Гиљермо Фарињас.

Click