2011



Вторник, 4 октомври 2011 година

ЕВРОПСКА НЕДЕЛА ПОСВЕТЕНА НА МАЛИТЕ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

Од 3 до 9 октомври оваа година, во координација на Европската комисија, се одбележува Европската недела посветена на малите и средни претпријатија. Целта на кампањата е да се промовираат претпријатијата низ цела Европа, заедно со Актот за мали бизниси за Европа, да се обезбедат информации за видот на поддршката за претпријатијата која ја обезбедуваат Европската унија и националните, локалните и регионалните власти, да се промовира претприемништвото и да се оддаде признание за придонесот на претприемачите во иновациите, конкурентноста и вработеноста во Европа.

Актот за мали бизниси донесен во јуни 2008 година, ја одразува политичката волја на Европската комисија за препознавање на главната улога на малите и средни претпријатија во економијата на ЕУ и за прв пат поставува детална рамка за политиката за мали и средни претпријатија за Унијата и земјите-членки.

Целта на овој акт е да се подобри пристапот до претприемништвото, постојано зајакнување на принципот „Пред сè размислувај локално“ во креирање на политиката и промовирање на растот на малите и средни претпријатија. Актот за мали бизниси се однесува на сите самостојни претпријатија во ЕУ кои имаат помалку од 250 вработени.

Европската недела посветена на малите и средни претпријатија ќе се одбележи во 37 земји преку бројни национални, регионални и локални настани и активности преку кои претпријатијата ќе имаат можност да ги споделат искуствата и да обезбедат натамошен развој.

Повеќе информaции на следниот линк:
http://ec.europa.eu/enterprise/initiatives/sme-week/

Click