2011



Понеделник, 10 октомври 2011 година

ЕВРОПСКА НЕДЕЛА ПОСВЕТЕНА НА РЕГИОНИТЕ И ГРАДОВИТЕ

Од 10 до 13 октомври оваа година, во Брисел, по деветти пат се одбележува манифестацијата „Отворени денови 2011" каде локални и регонални претставници од Европа ќе се сретнат на едно место со цел да се разменат идеи за зајакнување на конкурентноста, растот и вработеноста.

Во рамките на манифестацијата „Отворени денови 2011" ќе се одржат околку 100 сесии претставени преку работилници и дебати за околу 6.000 претставници од повеќе од 200 градови и региони во Европа при што ќе се дебатира за иднината на регионалната политика на Европската унија, како да се подобри управувањето со политиката на кохезија и можности за зајакнување на прекуграничната соработка водејќи грижа за територијалната кохезија.

Од 2003 година, манифестацијата „Отворени денови" стана годишен клучен настан на кој градовите и регионите во Европа имаат можност да го претстават својот капацитет за креирање на раст и работни места и за споведувањето на политиката на кохезија на ЕУ.

На настанот ќе се дебатира и за предлог-законодавниот пакет усвоен од Европската комисија на 6 октомври годинава. Новите предлози на Комисијата ја поставуваат рамката за политиката на кохезија за периодот 2014-2020 и имаат за цел зајакнување на стратешката димензија на политиката и да се обезбеди дека инвестирањето во ЕУ е во насока на долгорочните цели за раст и работни места од Стратегијата ЕУ 2020. Исто така, предлозите на Комисијата имаат за цел да се подобри финансирањето во ЕУ регионите и да се обезбеди поголемо фокусирање на програмите за раст и работни места. Доколку предлозите на Комисијата бидат одобрени од министрите во Советот на ЕУ и Европскиот парламент во текот на 2012 година, истите ќе стапат во сила од 2014 година.

Повеќе информации на следниот линк:
http://ec.europa.eu/regional_policy/conferences/od2011/index.cfm


 

Click