2011



Понеделник, 21 ноември 2011 година

ЕВРОПСКИ САМИТ ЗА ЕДНАКВОСТ

На 14 и 15 ноември годинава во Познан, во рамките на Полското претседателство со Советот на ЕУ, беше одржан Европскиот самит за еднаквост на тема "Имплементација на политиките за еднаквост на локално и на регионално ниво", што ќе биде од клучно значење во борбата против дискриминација и промовирање на еднаквоста.

Во текот на Самитот беа одржани дебати посветени на:

  • еднаквоста како фактор на регионалниот развој,
  • зајакнување на регионалното и и локалното партнерство и
  • ефикасно користење на европските фондови на регионално и локално ниво за имплементација на политиките за анти-дискриминација кои се однесуваат на малцинствата, вклучително и Ромите.

Во текот на Самитот беше одржан и неформален состанок на министрите на ЕУ задолжени за спроведување на политиките за еднаквост и борба против сите облици на дискриминација. Заклучоците и препораките од Самитот се вклучени во документот  "Декларацијата од Познан" што се усвои на 15 ноември, со што се даде поддршка за остварување на поширок дијалог со невладините организации со цел зголемување на имплементацијата на политиките за еднаквост и поддршка на политиките за анти-дискриминација.

На Европскиот самит за еднаквост присуствуваа повеќе од 200 официјални претставници на земји-членки на ЕУ, земји кандидати, членки на Европската економска асоцијација, меѓународни организации, високи претставници на НВО, социјални партнери (работодавачи и синдикати), институции од областа на еднаквоста и членови на граѓанско општество.

Следниот Европски самит за еднаквост ќе се одржи во ноември 2012 година, во Кипар.

 

Click