2011



Среда 29 јуни 2011 година

НОВА ДИРЕКТИВА ЗА ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ

Европскиот парламент на 23 јуни 2011 година усвои нова Директива за заштита на потрошувачите со која се обезбедува поголема заштита од нелојални практики во трговијата. Советот веќе го одобри компромисниот предлог во рамките на Унгарското претседателство со Европската унија.

Со новата директива ќе се зголеми заштитата на потрошувачите во ЕУ, особено во сегментот на продажба вон простории, преку телефон и се повеќе популарната онлајн продажба. Рокот во кој купувачите ќе имаат право да ја отповикаат набавката се зголемува на 14 дена, за разлика од 7 дена според досегашните прописи. Директивата ги усогласува податоците кои продавачите се обврзани да им ги дадат на  купувачите пред склучување на договорот.

Европската комисија во 2008 година предложи измена на четири директиви за заштита на потрошувачите како и нивна консолидација со цел да се поедностават прописите и да се појаснат правилата за потрошувачите пред склучување на договор.

Новата европска директива за заштита на потрошувачите треба да биде одобрена од министрите на ЕУ, а земјите-членки ќе треба да ја имплементираат во рок од две години.

 


 

Click